5 Мај, 2008 - 20:18
Glocal 2.0 - програма и работилници

Од 8-ми до 10-ти мај, на Њујорк Универзитетот во Скопје ќе се одржи втората Glocal конференција посветена на нови медиуми и се околу нив.

Најавени се многу интересни гости од Македонија и повеќе земји од светот. Погледнете ја целата програма и изберете на што сакате да присуствувате. Не е потребна никаква котизација за учество на конференцијата.

Последниот ден од 14 до 17 часот јас и Анастас ќе водиме две паралелни работилници. Мојата работилница ќе биде наменета за почетници во светот на блогирањето, и ќе ги води како да регистрираат свој блог, како да управуваат со него, променат изглед, додадат записи, коментари, пријатели ,мултимедијални содржини и сл. Во зависност од желбите на учесниците, распоредот може и да се менува.

Анастас ќе зборува за понапредни техники и технологии, како користење и ползување social bookmarking платформи за најразлични цели, оптимизирање за пребарувачките машини, како до user-friendly блог, следење сообраќај, RSS, агрегатори итн.

Доколку сте заинтересирани да присуствувате на некоја од работилниците, пратете ми е-маил на misos на gmail.com за да обезбедиме простор за сите учесници. 

  • Оки доки...
    (Lost series 5 Мај, 2008 - 20:39 | одговори)

  •